Thursday, October 31, 2013

Што всушност е Македониум

Споменикот „Илинден“ уште познат и како Македониум е комплекс што се наоѓа во Крушево. Споменикот бил откриен на 2 август 1974 година на денот на триесетгодишнината на заседанието на АСНОМ и 71 годишнина од Илинденското Востание.[1]Споменикот е создаден од страна на Јордан Грабулоски и Искра Грабулоска. Споменикот ја означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.
Споменикот Илинден се протега на 12 хектари и формата започнува со раскинати пранги продолжува преку криптата и колоритно – мозаичната керамопластична сцената, па завршува со купола извишена 1320 метри надморска височина, од каде се протега инзвореден поглед кон градот Крушево. Внатрешноста на куполата импресионира со своите релјефи, витражите со вечниот пламен и звуците на ораториумот „Сонце на прастарата земја“ од Тома Прошев. Денес во самата купола се наоѓа гробот на Никола Карев и споменица и биста на Тоше Проески.

Згодната македонска "Старлета" ќе снима филм.

Хит старлетата од скопско Зелениково, Катерина Стојановска, со изјавите дека добила понуда да снима филм со Мерилин Монро, Џејмс Дин и Марлон Брандо, ја изнасмеа и шокира Македонија, но таа сериозно работи за кастингот, пишува Либертас.
Оваа девојка во јавноста стана интеренса откако најпрво за весникот Вест сведочеше дека татко и ја млатретирал и тепал, за подоцна на Facebook да напише дека се измислила за да го привлече вниманието. Можеби многу фантазира, но ретко кој би одолеал на ваква убавица.